Технолаб прва сертифицирана лабораторија за испитување емисии во воздухот

Од:

Нови методи за испитување на емисии во воздух кои се во насока на следење на највисоките европски стандарди, денеска промовираше компанијата Технолаб од Скопје. Со овие методи се вршат мерења на испуштање загадувачки супстанци од фабричките оџаци.

– Минатата година во декември успеавме да воведеме 15 методи за мерење на емисијата на загадувачки супстанци од стационарни извори во воздухот, со што сме првата и сега за сега единствена лабораторија која го воведе стандардот CEN 15675 кој се однесува за мерење на емисии од стационарни извори, информираше директорката на Технолаб Магдалена Трајковска-Трпевска.

Појасни дека причината за нарушување на квалитетот на амбиентниот воздух е испуштањето на загадувачки супстанци од индустриските инсталации, а последица е амбиентниот воздух кој го дишиме. Прв чекор кој се презема во насока на превентивно делување, според Трајковска -Трпевска, се точните податоци од мерењата на емисиите во воздухот.

Од Технолаб информираат дека лабораторијата врши испитувања на сите медиуми на животната средина согласно акредитираните методи.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Нема предвремен распуст и покрај аерозагадувањето

Арсовска за кривичната пријава против УСЈЕ: Прашајте го Обвинителството зошто три години молчи

Предраг Петровиќ

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Скопје е втор најзагаден град во Европа, воздухот е многу лош и во Тетово, Охрид, Битола, Велес

Катерина Ѓуровски

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС