Тече рокот за пријавување на спорните гласачи, досега пријавени само 502

Од:

Граѓаните на кои не им се совпаѓаа податоците при проверките за прочистување на Избирачкиот список имаат рок до 19 август да се пријват до Државната изборна комисија (ДИК) за да го регулираат своето избирачко право.

ДИК вчера информира дека до 13 часот, 502 граѓани се пријавиле за да го регулираат своето избирачко право.

– Од пријавените, 116 се обратиле во подрачните одделенија и канцеларии или во дополнителните канцеларии на Државната изборна комисија, додека 386 граѓани пријавувањето го оствариле преку веб – апликацијата на Комисијата, соопшти вчера ДИК.

За вкупно 39.502 лица се појавија несовпаѓања на податоците при вкрстените проверки за проичистување на Избирачкиот список. Доколку во предвидениот рок тие се пријават во ДИК и покажат валидни лични документи ќе бидат ставени во Избирачкиот список, во спротивно нема да може да гласаат на претстојните избори.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања