Течат роковите за ДИК, собраниската комисија за избор се уште не е закажана

Од:

Неделава треба да почне собраниската процедура за избор на новиот состав на Државната изборна комисија, но, се уште е неизвесно дали и кога претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ќе ја закаже седницата.

Вчера тој за повеќе медиуми изјави дека нема да закаже седница на Комисијата, која е надлежна за изборот на членовите на ДИК, додека партиите не се усогласат и не дадат зелено светло.

Во спротивно, потенцира, ако тој ја почне постапката без дадена согласност од партиите, процесот нема да успее и оти ќе треба целата постапка да оди од почеток, со нов оглас, нов рок за кандидатури што би се изгубило дополнително време.

ВМРО-ДПМНЕ неодамна преку портпаролот Наум Стоилковски порача дека за да гласа за ДИК, најпрво треба да бидат донесени законот за финансирање на партии и законот за Влада, бидејќи, според партијата, тоа било договорено пред ВМРО-ДПМНЕ да се врати во македонскиот Парламент и да даде поддршка за реформските закони.

На ваквиот став реагираше СДСМ, од каде истакнуваат дека опозицијата намерно го блокира процесот и го одовлекува изборот на ДИК и секојдневно додава нов услов за поддршката во преговорите.

Рокот за формирање на нова Државна изборна комисија истече на 29 јуни. Новиот состав ќе има шестмесечен мандат и ќе биде задолжен за референдумот, кој премиерот Зоран Заев го најави за крајот на септември или почетокот на октомври годинава.

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери се надева дека опозицијата нема да го кочи изборот на членовите на Државната изборна комисија од која зависи и одржувањето на референдумот.

Изборот на ДИК не може да помине без согласност и гласање на опозицијата, со оглед на тоа што е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Огласот за нов состав на ДИК заврши пред две недели, а се пријавија 41 кандидат. Рокот до кога треба Собранието да го избере новиот состав на ДИК е 17 јули.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски