Досегашната в.д. претседателка на Основниот суд Скопје 1, судијката Татјана Михајлова, денеска си поднела оставка, дознава „Утрински весник“.
Оставката следува по критиките на јавноста и жалбите на повеќе судии во врска со годишниот распоред на судии, кој беше подготвен од Михајлова. Со новиот распоред без консултации голем број на судии беа прераспределени, а Врховниот суд прифати седум од осумте жалби и ги врати судиите на нивните стари позиции.
Михајлова стана в.д. претседател на судот, откако на Владимир Панчевски му истече мандатот минатата година.