Михајлова ги одби снимките како доказен матeријал на СЈО за насилството во Центар

Од:

Судијката Татјана Михајлова повторно во одбрана на Никола Груевски и ДПМНЕ. На денешното рочиште судијката Михајлова позната како „сваровски судија“ ги отфрли главните докази на СЈО за насилството во општина Центар за што се теретат лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ексминистерот Јанакиески, пратеничката Даниела Рангелова и уште 11 останати.

Поради загрозеноста на сведокот кој треба да сведочи во овој случај и негова заштита, СЈО побара тој да сведочи со скриен идентитет. Втор доказ на СЈО беа бомбите односно незаконски сниманите разговори. Одбраната побара овие снимки да не бидат земени предвид при што судијката Михајлова ги усвои нивните барања.

Во текот на рочиштето можеше да се забележи заострен однос на судијката кон обвинителката од СЈО, Фатиме Фетаи. Михајлова и замеруваше на гримасите на Фетаи и неколку пати со висок тон ја опомена да не прави циркуз од рочиштето. Таа исто така и се закани на обвинителката дека ќе ја санкционира.

Груевски го напушти судот без изјава и одби да биде фотографиран. Главната расправа е закажана за 22 февруари 2017 година.

Би можело да ве интересира

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

СДСМ: По Груевски, слободен е и Латас – јасен доказ дека Мицкоски управува со Обвинителството

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

(ВИДЕО) Кузеска: Нова лага на Мицкоски, знаел за државјанството на Груевски – затоа документите не се праќаат

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор