Судскиот совет ќе расправа за оставката на Михајлова

Од:

Судскиот совет на Република Македонија во денешното соопштение до медиумите потврди дека в.д. претседателката на скопскиот Кривичен суд, Татјана Михајлова вчера поднела неотповиклива оставка и оти и во најкраток можен рок ќе закаже седница.

– Судијата Татјана Михајлова вчера со писмен поднесок го извести Судскиот совет на Република Македонија дека поднесува неотповиклива оставка на функцијата в.д. претседател на Основен суд Скопје 1 Скопје. Во текот на денешниот ден Судскиот совет на РМ ќе преземе мерки за адекватно решавање на настанатата ситуација, ќе бидат извршени анализи и во најкраток можен рок ќе биде закажана седница по повод поднесената оставка на в.д. претседателот на Основен суд Скопје 1 Скопје, се наведува во соопштението од Судскиот совет на РМ.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го избра Субхи Јакупи за претседател на Управниот суд

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца