Тасевски од М-НАВ: Директорите стравуваат за своите фотелји, кривичната против мене е притисок да се откажеме

Од:

Претседателот на Синдикатот на контролори на летање, Александар Тасевски бил на разговор во полиција за да му презентираат кривична пријава која двајцата директори на М-НАВ, Фахрудин Хамиди и Хасим Деари ја поднеле против него за загрозување на безбедноста.

– Протекоа некои информации и сметам дека вака најдобро е да ја известам јавноста. Во текот на вчерашниот ден бев телефонски повикан во секторот на насилен криминал при МВР каде што ми беше презентирана пријава од страна на двајца од тројца директори, Фахрудин Мемеди и Хасим Деари. Кривичната е поднесена врз база на мејл кој е доставен до нив поради чувство на загрозена сигурност и безбедност.

Содржината на тој мејл ниту има било какви ставки кои асоцираат на закани и животнозагрозувачки информации, а тенденционзно се интепретираат погрешно за да ми се изврши притисок со намера да се откажеме од нашите активности. Преку мене и до синдикатот на контролори на летање и до сите оние професионалнци кои покажаа доблест да го кренат својот глас и да ја заштитат професијата и да кажат стоп на оние нестручни вработувања – рече првиот синдикалец на М-НАВ Александар Тасевски.

Последните чекори што се преземени од страна на техничарите и инженерите да си дадат оставка од своите раководни функции, според него, кај директорите покажало страв кој се однесува стриктно за нивните директорски фотелји, не по нивниот живот.

– Ова што се случи вчера нема да не заплаши и да не отргне од идејата. Веројатно директорите се во паника затоа што на наша страна се и другите служби, не само контролорите. Како прв чекор е депонирањето на оставки од денеска на сите оние контролори на летање кои имаат раководни и инструкторски функции, тоа се отприлика 20-30 луѓе кои ќе даваат оставки и овие се посебно од оние што си дадоа оставка. Има простор за чешлање на работата од Трудова инспекција и од Антикорупциска.

-Ние нема да застанеме тука, притисокот што го прават создаде дополнителен револт. Зградата што ја гледате, односно не ја гледате, исчезна мистериозно, а беше во проектот и тендерската документација и требаше да се изведе. Наместо зград се реконструираше гаража од 280м2 за 400.000 евра. Ако некој смета дека ова е нормално, навистина имаме голем проблем – потенцира Тасевски и додаде дека штрајковите не се исклучени, но не само на контролорите на летање, туку на сите вработени во М-НАВ со целосно затворање на воздушниот сообраќај.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он

Екс-директорот го украл ехо апаратот од болницата во Кичево

Партизацијата на МВР на дело, полицајци на партиски состаноци на ДПМНЕ обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Тошковски удри по професионалците во МВР