Со договорот со Грција го расчистуваме патот за влез во НАТО и за почеток на преговорите со ЕУ, рече меѓу другото на денешната прес-конференција на градскиот плоштад во Куманово, пратеничката во Собранието на Македонија, Лидија Тасевска.
Договорот, посочи таа, го гарантира правото да се определуваме како Македонци, а според член 7 од договорот, македонскиот идентитет ги отсликува нашата територија, јазик, народ, со своја историја, култура, наследство.
– Според член 7 од договорот, македонскиот јазик е потврден како официјален јазик на земјата. Со договорот, македонскиот јазик станува официјален во најголемиот сојуз на светот НАТО и во најголемата унија- ЕУ, изјави Тасевска.
Таа истакна дека македонско-грчкиот договор постигнат преку тешки преговори и оти е договор за иднината и најдобро можно прифатливо решение за граѓаните на Македонија.
Тасевска ги покани кумановци да присуствуваат на утрешниот граѓански митинг на градскиот плоштад со почеток во 20 часот, на кој ќе зборува претседателот на СДСМ, Зоран Заев.