Тарифникот за награда на извршителите в среда пред уставните судии

Од:

В среда уставните судии ќе расправаат дали да поведат постапка за уставноста на тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите. Иницијативата е поднесена лани. Тарифата за награда и надоместок на другите трошоци за работата на извршителите е објавена во 2016 година. Извршителите за преземање на извршените дејствија наплаќаат награда и надоместок на трошоците според цена за администрирање, цена на извршните дејствија и награда за извршените дејствија. Висината на цената за администрирање извршителот ја определува според износот на главното побарување, односно вредноста на предметот на извршување утврдена во извршната исправа. Цената на извршните дејствија извршителот ја определува според видот, обемот и времетраењето на извршувањето.

Уставниот суд во 2017 годна укина повеќе членови од „Законот за извршување“, посебно одредбите кои се однесуваат на вонсудската наплата на долгови. Укинати се одредбите од Законот со кои од доверителот се бараше претходно да ја плати цената за администрирање и првичниот налог за извршување со поднесување на барањето за извршување, како и одредбата каде како извршна исправа се смета заклучокот на извршителот за утврдување на трошоците на извршувањето.

Група граѓани покренаа иницијатива со која бараат да запре присилната наплата од граѓаните, ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, како и утврдување на реален и нереален долг.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

A1on

Уставниот суд не поведе постапка за оценување уставност на Законот за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации

Ана Ололовска