ОЈО Кичево ќе вложи жалба за определената мерка претпазливост за извршителката за Кичево што нападна новинар и полицаец

Од:

Основното јавно обвинителство Кичево во текот на утрешниот ден ќе вложи жалба на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот суд Кичево со која на извршителката осомничена за стек од три кривични дела и беа определени мерки на претпазливост наместо предложената мерка притвор, информираат од ОЈО Кичево.

ОЈО Кичево поведе постапка против извршителка осомничена дека во стек ги сторила кривичните дела – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие, Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста и Фалсификување или уништување деловни книги.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Кичево доставил предлог за определување мерка притвор за осомничената, која во текот на целиот настан продолжувала да се заканува „поради што јасно постои опасност од повторување на делото“.

Државното Јавно обвинителство претходно денеска информира дека осомничената 60-годишна извршителка за Кичево вчера (21 март) најпрвин спречила службено лице – новинар кој се обидел да сними изјава од неа во врска со нејзиното постапување по предмет на извршување. Таа физички го нападнала и ја оштетила опремата на новинарот.

-Откако била пријавена и повикана во полициска станица да даде исказ, осомничената физички нападнала полициски службеник и го уништила изготвениот службен материјал, соопшти ЈОРСМ.

Би можело да ве интересира

Комората на извршители го осудува попречувањето на извршувањето спроведено од извршителката Јакимовска од Гостивар

Граѓаните бараат извршителите да ги почитуваат законските измени со кои долговите застаруваат

Глигорова: Извршителите веќе втор месец не постапуваат по новите измени во Законот за облигациони односи

Адвокати, нотари извршители за пет години наплатиле осум милиони евра од ЈП Водовод Скопје, утврди ревизијата

Орце Костов

Нема спас од извршителите: Освен од банка, сега ќе може да им ги земат парите на граѓаните и од штедилница

Орце Костов

(ВИДЕО) Монструмот повторно тропна на врата кај Цубалеска: Не сакам да бидам втората на која ѝ ја одзедоа куќата

Орце Костов