• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

„Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември зашто Мијалков има Ковид-19

by А1он16/10/2020 - 11:04370
Share0

Судењето за незаконско следење на комуникациите „Таргет-Тврдина” се одложува за 3 ноември, поради отсуство на обвинетиот Сашо Мијалков, кој е позитивен на коронавирус.

Добивај вести на вибер

Судот информираше дека, според доставениот допис, обвинетиот 10 до 15 дена нема да може да се појави на судско рочиште.

На рочиштето пред два дена, кое, исто така, се одложи, адвокатот на Сашо Мијалков, Љупчо Шврговски го извести судот дека Мијалков развил симптоми на КОВИД-19 и ќе се тестира, откако неговата сопруга добила позитивен тест.

До судот, бранителот на Мијалков, го достави позитивниот тест и издадената терапија.

Процесот го води судијката Џенета Беговиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристеска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

target-tvrdina

Би можело да ве интересира

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 15:01

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 13:15

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески19/09/2023 - 14:4419/09/2023 - 14:46

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Горан Наумовски27/02/2023 - 11:33

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов19/12/2022 - 11:5319/12/2022 - 18:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен