Таравари: Време е Македонија да добие претседател Албанец, ќе барам поддршка и од македонските партии

Од:

По предлог на претседателството на Алијансата за Албанците и со поддршка на Европскиот сојуз за промени, Арбен Таравари и официјално ја објави кандидатурата за претседател на државата.

– Кога дипломирав за доктор, положив хипократова заклетва, за мене најважен дел од неа беше кога реков дека мојот живот ќе го ставам во служба на хуманоста. Ова ме следи цел живот и сакам да биде мотив во оваа трка. Имаме можност диверзитетите во македонија да ги претвориме во уметност на соживот и хармонија. Јас верувам ова е вистински ден за почеток.

Кога ја добив титулата лекар се обврзав дека во извршувањето на мојата прифесија нема да влијае религијата, расата, националноста, политиката или класните припадности. Сакам овие зборови добро да ги запаметите. Со почит го чекам гласот од секој од вас, дојде денот на чело на државата да биде Албанец, не технички туку вистински. На секој кандидат му посакувам успех и оваа кампања да биде приказна за европеизација. Промената започна – рече Арбен Таравари.

Тој ќе побара поддршка од ситее политички партии, вклучително и од македонските и сите што сметаат дека треба тој да ја води државата во следните пет години. Тој ќе се кандидира со собирање на 10.000 потписи затоа што како коалиција немаат доволно пратеници да го кандидираат.

– Предлогот е од пред еден месец, инсистирањето беше од пријателите. Одлучив синоќа доцна ми мислам дека ќе добиеме поголема поддршка. Додека не ме изберат за претседатрел на државата, продолжувам да бидам градоначалник на Гостивар.

За партиските преписки, рече дека е легитимно право на Села да бара разрешувње.

– Ние може да ги убедиме нашите членови, но гласачите и народот не можеме да ги убедиме да му помогнат на ДУИ. Ние не можеме сами, имаме партнери со кои веќе в сабота ќе имаме конечен договор. Да бидам искрен, Билал Касами беше доста коректен, ми понуди што сакаме да избереме, заедно анализиравме и заклучивме дека ни е битен 24 април кога ние ќе одиме во вториот круг на претседателски избори, а за понатаму ќе видиме.

Во САД се случи кандидат со кожа да победи, зошто да не може во Македонија после 30 години демократија да имаме и претседател Албанец – порача Таравари на прес-конференција во Гостивар, на која присуствуваа лидерите на трите партии од ЕСП, Изет Меџити на Демократско движење, Африм Гаши на Алтернатива и Билал Касами на Движење Беса.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

Катерина Ѓуровски

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари

Таравари: Ова е лудница, албанската опозиција критикува за закон кој тие го донесоа

Катерина Ѓуровски

ДУИ бара Таравари да поднесе оставка

Таравари: Не сум за бркање лекари од работа, но мерки мора да има за случајот со починатото бебе

Таравари прими вакцина за сезонски грип