Таравари се надева дека гостиварските градинки ќе се отворат следниот месец

Од:

Гостиварската локална самоуправа започна со подготовките за отворање на градинките. Според градоначалникот Арбен Таравари, првиот чекор е скринингот на вработените во градинките и центрите за ран детски развој. Тестирањата треба да се спроведат на 25 и 26 мај.

– За отварањето на градинките е надлежно Министерството за труд и социјална политика и тие треба да дадат го конечниот збор. Секако, важно е тие да се отворат и родителите на децата да се вратат на работа. На тој начин животот ќе продолжи по нормален тек. Се надевам дека на почетокот од идниот месец, вратите на градинките ќе се отворат, рече Таравари.

Скринингот ќе се прави со PСR тестови. Целта е да се идентификуваат луѓето кои се заразени, а не се свесни за тоа бидејќи немаат симптоми.

Таравари смета дека треба побрзо да се спроведе и тестирање на вработените во јавните сектори со што ќе се овозможи подобра проценка за олабавување на рестриктивните мерки.

Од воведувањето на вонредната состојба, околу 700 деца од гостиварско седат дома.

Во меѓувреме, локалната власт привршува со подготовките за повторна дезинфекција на градинките и центрите за ран детски развој, која според Таравари, треба да заврши до крајот на мај.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Невзат Бејта најави изборна победа на 11 јануари

ВЛЕН: За сала од 50.000 евра, Таравари потроши 750.000 евра народни пари

Бејта: Граѓаните на Гостивар беа во втор план

ВЛЕН: Невзат Бејта е наш кандидат за посилен Гостивар

Невзат Бејта официјално кандидат за градоначалник на Гостивар