Таравари повикува на смирување на тензиите меѓу Северна Македонија и Бугарија

Од:

Претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари, повика да се дејствува смирено и да се смират тензиите во односите меѓу Македонија и Бугарија, коишто ескалираа по несаканите инциденти во Охрид.

Истакнувајќи дека овие настани се следат со големо внимание и загриженост, Таравари преку објава на Twitter ги повика институциите да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии.

“Вознемирен од зголемувањето на политичките тензии меѓу Северна Македонија и Бугарија, ги повикувам нашите институции да се воздржат од изјави коишто водат кон дополнителни тензии и да се ангажираат конструктивно да придонесат во спроведувањето на договорот за добрососедство и европската интеграција на земјата“.-пишува Арбен Таравари.

Би можело да ве интересира

Таравари: Промените се во кутиите кои полека се отвораат, се надевам дека на 8 мај ќе победиме

Изјава на претседателскиот кандидат Арбен Таравари

Катерина Ѓуровски

Таравари: 800 евра минимална плата, економијата и емиграцијата бараат одговори

Таравари: „Вреди“ се залага за привремено судско тело на западни експерт кои ќе бидат интегрирани во обвинителските и судските совети

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Алијанса за Албанците-крило на Арбен Таравари одреди кандидати за пратеници на заедничките листи на коалицијата „Вреди“