Таравари потврди дека бебето кое почина било одбиено за хоспитализација на Детската клиника

Од:

Ако има вина, ќе има одговорност вети министерот за здравство Арбен Таравари зборувајќи за случајот со починатото 14-месечно бебе на Клиниката за детски болести. Тој вели дека испитувал за случјот за кој семејството тврди дека детето било носено на Клиниката и не било примено на хоспитализација. Таравари вели дека и тој има такви сознанија.

-Вратено било за жал. Дали поради лекарска грешка или незнаење треба да се констатира. Дефинитивно треба да има одговорност. Меѓутоа не очекувајте од мене уште од денес да судам како било. Дозволете соодветните органи во државата да испитаат се во детали. На крајот некој мора да сноси одговорност кога има вакви трагични случаи во здравствениот систем“, изјави Таравари.

Најави и формирање на посебна комисија заедно со Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

-Треба утре во Министерството заедно со ДСЗИ да формираме Комисија и веднаш да постапат, да ги земат сите детали предвид и на крај да се донесе одлука и да се предадат на судските органи за да се донесе конечно решение како треба да се постапи, рече министерот.

Обдукцијата на телото на бебето е завршена.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ако има избори следната година, Ахмети во 2026 ќе бара нови

(ВИДЕО) Петрушевски: Клиниките во време на СДС и ДУИ набавувале лекови вредни милиони без тендер

Горан Наумовски

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува луѓето на Изет Меџити за корупција

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ДСЗИ ќе иницира постапка за стручен надзор над лекувањето на починатото петгодишно дете

Крилото на Села ја спори легитимноста на конгресот на Таравари