Таравари: Новиот Буџет на општина Гостивар ќе предизвика отпуштања

Од:

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари предупредува дека општинскиот Буџет кој денеска беше изгласан со поддршка на мнозинството во Советот ќе предизвика отпуштања на вработени во градинките, комуналното претпријатие и противпожарната единица.

Тој смета дека скратувањата кои комисијата за финсисирање ги предложи имаат политички мотиви за да, како што нагласи, општинското раководство во јавноста биде прикажано како неспособно да управува со локалнта самоуправа.

– Изгласан е Буџет со измени со што ќе се попречи работењето на Таравари. Целта на мнозинството во Советот и централната власт е да бидам прикажан како неуспешен, рече Таравари.

Од планираните 12 милиони денари во Програмата за времени вработувања, додаде, по инсистирање на ДУИ и СДСМ направени се измени со скратување на само една четвртина.

– За жал, ова ќе придизвика повеќе отпуштања на негувателки и воспитувачки во градинките, пожарникари и дел од моите соработници. Очекував дека некои од советниците ќе имаат доблест и да бидат на страната на граѓаните, но сепак се покажа дека попуштиле под притисоците. И покрај овие пречки, ќе продолжиме со реализација на планираните проекти, а ДУИ ќе ги потсетам дека следните локални избори се во ноември 2021 година, наведе Таравари на прес-конференцијата по изгласувањето на Буџетот на општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски