Таравари го прeчека „Научникот на годината“, физичарот Кимет Јусуфи

Од:

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари го пречека Кимет Јусуфи, физичар од Гостивар, добитник на наградата „Научник на годината“.

Во оваа пригода, како што соопшти Општината, Таравари истакнал дека „личности како Кимет се гордост на албанската нација и на градот и оти ќе бидат мотивација за младите.“

– На средбата разговаравме и за некој иновативен проект што Кимет Јусуфи може да го развие заедно со локалната самоуправа во Гостивар. Жалам што гимназијата на нашиот град го нема во своите редови, но од друга страна со неговиот ангажман во Тетовскиот универзитет, придобивката е уште поголема, подвлекол градоначалникот Таравари.

Јусуфи нагласил дека овој прием е чест за него и ќе послужи како охрабрување за да продолжи со научната работа.

Градоначалникот Таравари на физичарот Кимет Јусуфи, му врачил плакета.

Пред неколку дена, Јусуфи ја освои наградата „Научник на годината“, која традиционално во земјава ја доделува претседателот на државата.

Јусуфи по потекло е од селото Нистрово, а моментално живее во Гостивар и е ангажиран на Универзитетот во Тетово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Министерот за полиција сега ќе ја анализира водата во Гостивар – додека граѓаните сѐ уште се трујат

Тошковски: Водата во Гостивар сè уште не е за пиење, испитувањата ќе бидат почести

Состојбата во Гостивар континуирано се следи, намален e вкупниот број на прегледи

СДСМ: Мицкоски и Клековски го загрозија здравјето на граѓаните на Гостивар

Четворица осомничени за пукањето во гостиварското село Добри Дол

(ВИДЕО) Борозан: Власта си игра со здравјето на луѓето – водата во Гостивар не е ниту за капење, а камоли за пиење