Таравари ги отфрла обвинувањата дека локалната самоуправа гради без потребна документација

Од:

Општина Гостивар не овозможува градби без потребната документација, вели градоначалникот Арбен Таравари на обвинувањата од огранокот на ДУИ дека со акциите за рушење на дивоизградени објекти, ја сокрива вистината и го стимулира урбанистичкиот криминал и градбата на бесправни објекти.

– За тој објект има записник како и за неколку други кои надлежните инспекциски служби ги направиле и за нив се води постапка. Во Гостивар има четворица инженери и шестмина доктори со презиме Таравари, зарем треба да им забранам да работат. Доколку постои поврзаност или заеднички интерес на фирмите на моите роднини и локалната самоупарва треба веднаш да бидам пријавен кај надлежните институции, рече Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар.

На конференција за новинарите потпретседателот на огранокот Башким Хасани посочи дека фирма на близок роднина на гостиварскиот градоначалник гради објект за домување на место кое е предвидено за спортски терени во населбата осма зона.

– Со непостапувањето на инспекциски служби и преземање на мерки, подразбираме дека Таравари го поддржува и охрабрува урбанистичкиот хаос.

Таравари не ги извршува законските обврски и свесно ја злоупотребува службената должност за материјални придобивки за себе и за своите блиски роднини. Тој, декларативно се залага за развој на спортот, но во реалноста со овие негови дела ја уништува иднината на секој млад човек и на секој жител на оваа населба, рече Хасани.

Би можело да ве интересира

Уапсен е гостиварец кој ја силуваше вонбрачната партнерка

Горан Наумовски

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

139 деца за 48 часа на педијатрија во Тетово, 12 хоспитализирани – Алијанса прашува: „Каде се министрите?“

Катерина Ѓуровски

Левица: Гостиварци ја платија кризата со здравје и страв, а власта сега им испраќа и фактура – Советот дреме

Шест недели молк – СДСМ прашува зошто се крие целосниот извештај за водата во Гостивар

Горан Наумовски