Таравари: Да се запре именувањето на Димовски за амбасадор, Франција да го одбие ако се предложи

Од:

„Според информациите со кои располагаме, Виктор Димовски го добил агреманот од француските власти но, неговото испраќање во Париз се оддолжи поради внатрешните калкулации во владината коалиција за неговото заменување на чело на Агенцијата за национална безбедност. Секако, процедурата за неговото именување доби друга димензија после скандалот со Онишченко, каде што во центарот на настанот се наоѓа Димовски. Како што веќе истакнавме порано, скандалот Онишченко директно ја стави во опасност националната безбедност и го уништи режимот на санкции на САД и надворешната политика на ЕУ. Оценувам дека Виктор Димовски е неподобен и недостоен кандидат за да врши дипломатски функции и да ја претставува земјата поради многу причини“ рече на денешната прес-конференција Арбен Таравари, в.д. претседател на Алијанса за Албанците.

Таравари посочи дека „минатото на Димовски предизвикува загриженост кога станува збор за неговите блиски односи со Србија, истакнати од нашите американски партнери, а сега веќе познати и на јавноста“.

„Како директор на Агенцијата за национална безбедност, Димовски е препознатлив по издавањето на безбедносни сертификати на корумпирани лица и што се под истрага. Димовски ги пркрши основните права на повеќе од 20.000 граѓани на оваа земја, на коишто од страна на Агенцијата за национална безбедност арбитрарно им е ускратено правото за државјанство на Северна Македонија. Сосема иронично, со оглед на скандалот со Онишченко, на нашите граѓани често им беше одбиено државјанството под тоталитарно оправдување дека претставуваат опасност за државата. Потсетуваме дека оваа бројка од повеќе од 20.000 блокирани апликации од Димовски ја даде јавно премиерот Ковачевски“ рече Таравари.

Првиот човек на АА смета дека „не постои ниту една дилема за одговорноста на Димовски за скандалот Онишченко, како директор на Агенцијата за национална безбедност. Димовски го имаше овластувањето за давање конечно позитивно мислење за рускиот олигарх и мора да даде отчет за тоа во тековните истраги и кои мора да одат до крај. Од самиот факт дека, после притисокот од меѓународните партнери власта му го одзеде државјанството на Онишченко, се призна дека имало прекршоци и последователно мора да има и одговорност“.

„САД го одбија Фрчкоски, ЕУ ја одби Арифи, посакувам и се надевам дека Франција ќе го одбие Димовски, за да еднаш за секогаш престане подбивањето со нашите главни партнери, без кои немаше да бидеме ниту во НАТО, ниту во очекување на отварањето на пристапните преговори за ЕУ“, смета Таравари.

Би можело да ве интересира

Села: Основен суд во Тетово донесе одлука дека јас сум претседател на Алијанса за Албанците

Катерина Ѓуровски

Алијанса за Албанците: Арбен Таравари или е лошо информиран или е во потполна заблуда

АА: На кого и зошто му пречи директорот Халит Ферати?

(ВИДЕО) Интервју со Таравари: Рама и Курти ме поддржаа да се кандидирам, тоа не е мешање во Македонија, поддршка може да даде секој

Алијансата за Албанците: Хакирани сме од злонамерници

Реагира крилото на Таравари: конгресот на групата незадоволници е незаконски и нестатутарен

Катерина Ѓуровски