Таравари бара да се објават сите корисници на унгарскиот кредит

Од:

Во јули минатата година, Владата потпиша договор за кредит од 500 милиони евра со Унгарија, договор што беше претставен како спас за домашната економија. Беше ветена поддршка за малите и средни претпријатија, регионален развој и еднаквост во распределбата на средствата. Денес, една година подоцна, граѓаните ја гледаат горката вистина: нема никаква транспарентност и отчетност, а придобивките се само за блиските до власта и само за македонскиот бизнис, се вели во соопштението на Алијансата за Албанците на крилото на Арбен Таравари.

„Од 250-те милиони евра наменети за инвестиции, досега се доделени 125 милиони, но даночните обврзници не знаат каде отишле овие средства. Нема никаков список на корисници, ниту едно име, само апстрактни бројки и празни зборови. И додека владата зборува за „развој“, албанските компании остануваат исклучени. Албанските компании немаат искористено ниту 10% од овие средства.

Ова е дискриминација со државен печат. Планирана неправда, премолчена од институциите и оправдана со владина пропаганда.

Како Алијанса за Албанците, не можеме да останеме рамнодушни пред оваа политика на исклучување и враќање на практиките од минатото.

Она што го гледаме денес е стар модел на дискриминација, но со нови лица. Влада што го користи унгарскиот кредит за да ги зајакне клиентелизмот и политичката зависност, додека Албанците ги смета за излишни.

Затоа бараме:

* Итно објавување на целосниот список на корисници;

* Јасно појаснување на критериумите за распределба на средствата и финансираните проекти;

* Независна и јавна ревизија на целиот процес.

Владата не може да продолжи да си поигрува со достоинството на граѓаните и да продава пропаганда со парите позајмени во наше име. Ако немате што да криете, тогаш објавете ги списоците транспарентно.

Ова не е само економска криза, ова е институционализирана неправда. Еден долг што Албанците не го зедоа, но ќе го платат. И ако денес молчиме, утре со нашето молчење ќе бидеме соучесници, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

Златко Илијев: Работите се менуваат, се работи на превенција од пожари, зголемен бројот на млади пожарникари

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Алиу: Една година по Кочани – Македонија не ја заборава пожртвуваноста на здравствените работници и подадената рака од пријателските земји

Мицкоски: Една година по трагедијата во Кочани, нашата обврска е да се сеќаваме и да покажеме дека општеството и институциите се способни да учат