Талевски: Мицкоски да не бега, туку да каже дали е за ЕУ или е за Левица

Од:

Одговорност на сите 120 пратеници, но и на сите политички субјекти, вклучително и на Христијан Мицкоски е да дадат придонес во овој важен државнички процес. Изборот е јасен: Или напредок и интеграција во ЕУ или стагнација и изолација во прорускиот блок рече на прес конференција пратеникот на СДСМ Миле Талевски.

– Но Христијан Мицкоски со денови бега и не носи одлука дали е за ЕУ или е за останување под заложништво на проруската Левица. Мицкоски мора да престане да се крие, да излезе пред граѓаните и јасно да каже: Дали е за ЕУ или е за Левица. Христијан Мицкоски мора да има јасен и конкретен став, наместо да ги менува ставовите зависно од дневно политичките ситуации. Денес, откако по 17 години чекање конечно ги почнавме преговорите со ЕУ, откако ги надминавме сите пречки, не смееме да дозволиме самите себеси да си го блокираме патот кон Европската Унија, вели Талевски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Пленковиќ: Македонија заслужува јасна ЕУ-перспектива

Мицкоски се сретна со Пленковиќ – регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

А1он

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО