Кривичниот суд по неполни два часа распит не му одреди притвор на градоначалникот на Битола, Владимир Талески, кој е еден од осомничените на Специјалното јавно обвинителство за случајот Транспортер, но му е одземен пасошот.
По распитот, Талески го напушти судот од задната страна и не даде изјава за медиумите.
Според СЈО, Талески го оштетил државниот буџет за 22 милиони денари за превоз на ученици во Битола.