Талат Џафери избран за претседател на новиот парламентарен состав

Од:

Талат Џафери е по вторпат избран за претседател на Собранието, со 62 гласови „за“ нема воздржани и 43 против. Гласаа вкупно 105 пратеници. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на Левица не го поддржаа предлогот на владејачкото мнозинство за избор на Џафери. Изборот беше проследен со аплауз од страна на владеачкото мнозинство во Собранието, додека пак, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија салата пред Џафери да даде свечена изјава дека функцијата ќе ја врши совесно и одговорно.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е дека Џафери ќе биде извршител на СДСМ и ДУИ и затоа одбија да го поддржат предлогот, додека пратеникот Апасиев смета дека Џафери не бил одраз ниту на ефикасноста, ниту на безбедноста, ниту пак бил чувар на Деловникот, како што рече, што го фалеле во текстот предлагачите.

Со изборот на собранискиот спикер, првпат се потврди новото парламентарно мнозинство, што го сочинуваат 62 пратеника – 46 на СДСМ и Коалицијата „Можеме“, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

Ова е вторпат како Џафери е избран за претседател на Собранието. За разлика од крвавиот 27 април кога за првпат беше избран, овој пат, гласањето течеше во мирна атмосфера. Мандатот на претседателот трае четири години.

Седницата за избор на Џафери за претседател ја водеше заменик-претседавачот, Горан Мисовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата

Собранието изгласа Резолуција за осуда на опозициските манипулации и нелегалната миграција

Горан Наумовски