ВИДЕО: Демонстрантите пуштени да влезат во Собранието, пратениците се внатре

Од:

Демонстрантите од “За заедничка Македонија“се пробија до влезот на Собранието и се обидуваа да влезат внатре додека лидерот на СДСМ Зоран Заев држеше прес конференција. Но очигледно беше дека без никаков отпор од полицијата беа пуштени да влезат прво во просторот пред Собранието а потоа и внатре. Во моментов се внатре и пратениците на СДСМ, а лидерот на СДСМ го повика МВР да си ја заврши работата и да ги отстрани тие што влегоа и се наоѓаат пред прес салата. Во СОбранието влегоа и лица со фантомки кои беа пропуштени да влезат внатре, а сите заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаат во собраниската сала.

Специјалните единици и оклопни возила кои секогаш беа на улиците и за најмали протести, овојпат ги немаше пред Собранието.

Претходно, Талат џафери со мнозинство гласови од пратениците беше избран за нов претседател на Собранието на РМ кој по пуштањето на демонстрантите во Собранието ја повика полицијата да интевренира.

Би можело да ве интересира

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги