А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Талат Џафери и седуммина поранешни пратеници идниот четврток ќе сведочат за „крвавиот четврток“

by А1он10/09/2020 - 16:2410/09/2020 - 18:44688
Share0

Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година, продолжува на 18 септември откако на денешното рочиште беа сослушани седуммина поранешни пратеници.

Следете a1on на Instagram Instagram

На предлог на одбраната, на следното рочиште треба да бидат сослушани осум пратеници од поранешниот состав, меѓу кои и Талат Џафери.

Претходно денеска сведочеше Слаѓана Митовска, која во 2017 година била пратеник. Во својот исказ, таа рече дека Трајко Вељаноски како претседавач ги повикал да се откажат од збор, но дека таа како пратеник не сакала да се откаже од своето право и останала пријавена на збор.

Лилјана Кузмановска, која исто така, била пратеник во 2017 година, рече дека на 27 април седницата завршила во 18 часот и била закажана за наредниот ден во 11 часот.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во 18 часот, кога настана избор на претседател во Собранието, ние пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се повлековме и само скандиравме, изјави Кузмановска.

Прашана дали во пратеничката група имале сознанија за некаков план воопшто за насилства, Кузмановска рече дека во тој момент тие како пратеници не знаеле дека ќе се случи тоа што се случи.

Претходно беше сослушан и Зоран Илиоски, кој во 2017 година бил пратеник во Собранието, зборуваше за текот на Конститутивната седница и собранискиот Деловник.

Прашан дали како член на Извршниот одбор на партијата учествувал во изработка на некаков план или носење одлука за насилство, Илиоски рече дека во партијата немало ништо такво. – Не сум учествувал, ниту имаше нешто такво, изјави Илиовски.

На прашање од обвинителката, дали бил прекршен Деловникот со сите тие реплики и контра реплики, Илиовски, рече дека никој не може да му го одземе тоа со Устав гарантирано право.

– Не е прекршен Деловникот. Одговорно тврдам, бидејќи мене како пратеник, ми е должност да ги искажам ставовите на граѓаните кои ме избрале, изјави Илиовски.

На денешното рочиште, на предлог на одбраната на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, беа сослушани и пратениците Илија Димовски, Благој Деспотовски, Весна Дамчевска Илиевска и Весна Пемова.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски. Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

27 april27 april sudenje

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Одговорност за судијата за неизвршената одлука за заштита на новинарка

Предраг Петровиќ07/08/2026 - 15:2507/08/2026 - 15:25

Уставен суд првпат бара одговорност од судија за непочитување негова одлука

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:0007/08/2026 - 11:37

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео