ВИДЕО: Талат Џафери го спаси сопартиецот Ејуп Алими од судењето за „Титаник 3“

Од:

Денешното рочиште за предметот на СЈО, „Титаник 3“, на кое требаше да бидат испитани обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, судијката Марија Клетничка Марковска го одложи. Причина за одлагањето е што Ејуп Алими требало да биде присутен на редовна понеделничка координација.

Лично претседателот на Собранието, Талат Џафери ги потпишал известувањата до судот дека Алими замолува да биде присутен на редовните закажани координативни средби во парламентот. Алими не се појави на судењето.

Судијката Клетничка Марковска констатира дека и минатото рочиште се одржало во понеделник, а терминот бил претходно даден. Судот даде пауза од 15 минути за да одлучи што понатаму.

На претходното рочиште адвокатите побараа изземање на обвинителите, но не го добија.

Во третиот „Титаник“ на СЈО обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, заменик директорот на УЈП Скопје. Како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, Аљими и Гури влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ. Првото рочиште за предметот се одржа на 16 март 2018 година.

Би можело да ве интересира

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Падна „Титаник 3“ и затворската казна за експратеникот на ДУИ, Ејуп Алими

Ана Ололовска