Талат Џафери е кандидат за претседател на Собранието на парламентарното мнозинство

Од:

Портпаролот на ДУИ Бујар Османи потврди дека по внатрешните анализи, но и по консултациите со другите политички партии, било одлучено кандидатот на ДУИ, но и на парламентарното мнозинство за претседател на Собранието на Република Македонија да биде Талат Џафери.

– Тој е еден од пратениците со најмногу искуство во Парламентот и како координатор на пратеничката група неколку мандати по ред и како поранешен министер за одбрана, сметаме дека ефикасно ќе ја извршува обврската на претседателот на Парламентот во услови на големи дивергенции во Парламентот. Ова исто така е и едно од ветувањата на ДУИ кое што се реализираше, а тоа е една од трите челни функции на државата да ја раководи Албанец, вели Османи во изјава за ТВ21.

Според него, следната недела ќе започне процедурата за избор на Талат Џафери за претседател на Собранието.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on