Тактичко-показна вежба на Територијалната противпожарна единица-Куманово

Од:

Професионалните кумановски пожарникари скокаа на воздушна перница демонстрирајќи како да се спасат луѓето при пожар на височина и гаснеа почетен пожар со противпожарен апарат, во рамки на тактичко-показната вежба која се одржа денеска во дворот на Територијалната противпожарна единица-Куманово.

Вежбата која ја организираат ТППЕ Куманово и општинскиот противпожарен сојуз ја проследија корисниците на услугите на Дневниот Центар за лица со интелектуална попреченост „Порака Наша“.

– Вежбата се спроведува во пресрет на 20 мај Денот на пожарникарите и иако првично намерата ни беше да организираме показна вежба во „Порака Наша“, но, поради просторни услови вежбата ја организираме овде“, изјави командирот на ТППЕ Куманово Дејан Илиевски.

Противотивпожарниот сојуз на Македонија во текот на целата година посветува огромно внимание на подигање на свеста на граѓаните како да се постапи при случај на пожар,преку пропаганди, со разни активности, подготовка на материјали, организирање обуки, натпревари, вежби, информираше Часлав Јовановиќ од општинскиот противпожарен сојуз.

Дејан Стојановски од „Порака Наша“ потсети дека корисниците на услугите на Дневниот центар за лица со интелектуална попречност и изминатите години следеле тактично показни вежби и дека корисниците на овој начин се запознаваат како треба да постапат при случај на пожар.

Инаку, од почетокот на годинава, кумановските пожарникари интервенирале 150 пати, што според нивната статистика е зголемување во однос на истиот период лани. ТППЕ Куманово располага со осум противпожарни возила и има 50-тина вработени.

Би можело да ве интересира

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

16-месечно бебе од Куманово е во болница откако испи бензин

Горан Наумовски

Уште еден случај на затруено двегодишно дете во Куманово

Двегодишно дете од Куманово е затруено со разредувач за боја, пренесено е на Клиниките во Скопје

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници

Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане