Таксистите од Гевгелија и денеска го блокираат ГП Богородица

Од:

Такси возилата и приватните автобуски превозници и денеска од мостот кај Сува река се упатија кон граничниот премин Богородица кој и денеска официјално ќе го блокираат во наредните два часа.

Граничниот премин Богородица, како што велат од Здружението на такси возачите, ќе биде деблокиран точно напладне во 12 часот.

– Не се откажуваме од нашите протести и ќе продолжиме секој ден по два часа да го блокираме граничниот премин Богородица во двете насоки се додека не добиеме одговор од надлежните институции дали ќе бидеме вклучени во транспортот на мигрантите од ПТЦ Гевгелија кон Табановце рамноправно со МЖ како што е нагласено во барањето, рече претседателот на Здружението на такси возачите на Општина Гевгелија Миле Ангелов.

Би можело да ве интересира

Пламна пожар на границата меѓу Србија и Хрватска – гореше шума и ниската вегетација

Застој на „Евзони“ за влез во Македонија – се чека и по 4 часа на 36 степени

А1он

Метеж на граница кон Грција – за излез од Македонија се чека околу два часа

А1он

На 5 јули стартува системот за заедничка гранична контрола со Србија

Грција воведе жестоки сообраќајни казни: 1500 евра за пушење во возилото доколку во него има дете под 12 години

A1on

Двајца странци уапсени на граница – еден возел со фалс германска дозвола, а другиот со украдено возило

Анита Петровска Рајковиќ