Таксист од Охрид нападна полицаец

Од:

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Н.П.(35) од Охрид, поради сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, за што од страна на Истражен судија на осомничениот му е одредена и триесетдневна мерка притвор.

Според полициското соопштение, пријавениот рано изутринава во 3:25 часот на улицата „Партизанска“ во Охрид прво вербално, а потоа и физички нападнал униформиран полициски службеник. Извршувајќи ги службените обврски од областа на безбедноста, полицискиот службеник му укажал на Н.П. дека на улицата не е дозволено паркирање на такси-возило, односно нема соодветен такси-паркинг простор, со што била загрозувана безбедноста и нормалното одвивање на сообраќајот.

Револтиран притворениот Н.П. започнал вербална расправија и упатил навреди кон полицискиот службеник, пцости и закани, а потоа и удар со нога во телото. Веднаш по нападот полицискиот службеник интервенирал и го привел Н.П. во полициската станица во Охрид.

Според полициските податоци, притворениот и е познат на службата, како извршител на слични други дела, против кого и порано биле поднесувани кривични пријави, а бил и правосилно осудуван на затворска казна.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари