TAIEX работилница за жалбени постапки во заедничкиот европски систем за азил

Од:

Судии на Управниот и Вишиот управен суд задолжен за судска ревизија на азил, судии на основните судови кои се однесуваат на депортацијата, службеници од Секторот за азил при МВР, Министерството за правда, Народниот правобранител, адвокатите кои соработуваат со НВО и адвокатите кои обезбедуваат правна помош, како и претставници од други релевантни институции учествуваат на дводневната TAIEX работилницата за жалбени постапки во заедничкиот европски систем за азил.

Целта на работилницата, како што рече денеска на отворањето претставникот од Делегација на ЕУ во Македонија, Јаромир Левичек, е да се дискутира компатибилноста на националната практика со праксата на ЕУ за заедничкиот европски систем за азил, особено постапката за жалби наведена во Директивата на ЕУ 2013/32/ЕУ за заеднички постапки за доделување и повлекување на меѓународна заштита.

– Без разлика на причините за напуштање на земјата апликантот за азил треба да се осигура дека неговата апликација е процесирана и обработена на соодветен начин и во согласност со законодавството, рече тој.

Основа на политиките за азил, како што посочи, е таканаречениот заеднички систем за азил, кој сам по себе подлежи на големи реформи што беа предизвикани од големата миграција во последните неколку години.

– ЕУ ги споделува своите стандарди и искуствата за управување со миграцијата и со останатите земји од Унијата, вклучувајќи ги и земјите кандидатки за членство, рече Левичек.

Тој ја поздрави посветеноста на Владата во донесување на националното законодавство во овие области во рамки на европското законодавство.

– Европската комисија ќе поднесе писмо до властите за експертските наоди во однос на нацрт-амандманите кои се однесуваат на националниот закон за азил, што е значително подобрен, но одредени аспекти се уште треба да се обработи, додаде Левичек.

Судијата на Вишиот управен суд Мирјана Василева рече дека праксата покажала оти лицата кои се бегалци или мигранти често на одреден начин се злоупотребени како од одредени криминални групи, најчесто во трговија со луѓе во земјата и надвор од неа.

Правото на азил во Република Македонија, како што рече, е регулирано со Уставот на РМ, каде е предвидено странците во Македонија да уживаат слободи и права гарантирани со Уставот под услови утврдени со закон и меѓународни договори.

– Во Република Македонија се постапува по Законот за азил и привремена заштита во согласност со одредби од Законот за општа управна постапка. Републиката им гарантира право на азил на странците и на лицата без државјанство прогонети заради демократско, политичко уверување и дејствување, истакна Василева.

Пред учесниците на работилницата таа ја појасни постапката за барање азил во Македонија.

– Барателот може да поснење барање за азил на граничен премин при влез во Републиката, во полициска станица, а доколку се наоѓа на територијата во Македонија до Одделението за азил при МВР, рече Василева. Во контекст на тоа додаде дека кога има специфични ситуации на семејно обединување тоа може да се направи и пред надлежните органи во странство во зависност од тоа каде се наоаѓаат неговите членови од семејството.

Важно е, посочи таа, по поднесувањето на барањето за азил и привремена заштита, одлуката во однос на тоа дали ќе се прифати барањето или странката ќе биде одбиена да се носи во рок од шест месеци од поднесување на барањето.

– На одлуката која барателот ќе ја добие доколку не е задоволен во рок од 30 дена може да поднесе тужба пред Управниот суд, а пак ако е незадоволен и од одлуката на Управниот суд како тужител има право на жалба до Вишиот управен суд во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, појасни Василева.

Експертите од земјите-членки на ЕУ, на работилницата која е организирана во соработка со Академијата за суии и јавни обвинители „Павел Шатев“, ќе ја споделат својата експертиза за стандардите на ЕУ во жалбените постапки и ефикасни лекови против одлуките за азил.

Би можело да ве интересира

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска

Бројот на луѓе кои бараат азил во Европа достигна највисоко ниво во последните шест години

Ана Ололовска