Партијата на Тачи за денеска свика итна седница на Централното претседателство. Повод се вчерашните инциденти, и како што велат од ДПА, насилството кое што се вршело врз Албанците.
Според партиски информации ќе се расправа и носи одлука дали пратениците на ДПА ќе го напуштат Законодавниот дом.
ДПА, вчера по жестоката дебата и навреди ја напуштија седница, затоа што бараа наместо за изборниот законик да се расправа за инцидентите.
Беким Фазлиу од ДПА рече дека хулиганите од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ го правт тоа.
„Чаир е под опсада на полицијата на Али Ахмети и на Никола Пашиќ Груевски. Ќе платите за крвта на овие деца. Нека одат по ѓаволите. Сите Албанци да се ослободатг од Ахмети и Груевски и да одат во мајчината“, рече Фазлиу кој револтирано почна да удира по говорницата.