Лидерот на ДПА Мендух Тачи по распитот во СЈО, го напушти обвинителството. Тој даде кратка изјава за медиумите, но и кажа дека не смее да открива за што бил распрашуван во обвинителството.
-Сега не е време за никакви изјави, кога правото зборува, политиката треба да молчи, рече тој.
Во Специјалното јавно обвинителство сеуште е на распит и Силвана Бонева, член на ВМРО-ДПМНЕ и на Државната изборна комисија. Се претпоставува дека е повикана во врска со изборните измами а за што беа објавувани и нејзини разговори во снимените материјали.
Се очекува да влезе и лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски.