„Албанците во Македонија не се слободни, но јас и ДПА како партија даваме гаранции дека ќе ја донесеме слободата“
Ова вчера го изјавил Мендух Тачи, лидерот на ДПА, на форумот на жените на партијата, а го пренесува „Лајмпрес“.
Тачи повторно го нарече Али Ахмети предавник, а во својата изјава вели дека не ја исклучува можноста за соработка со опозициските партии.
„Слушнав многу коментари дека немало начин да се испазарам со Црвенковски и со Османи. Јас нема да се пазарам. Нема да се однесувам како да сум на шопинг. Мене ми е битна само волјата на Албанците“, додава Мендух Тачи.