СЗПМ: Да им се продолжи времето на пензионерите за уште еден час, за да ги завршат обврските

Од:

Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија денеска соопшти дека ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата за заштита од коронавирусот, но предлага да се продолжи времето на пензионерите, кога ќе можат да излегуваат во текот на денот, за уште еден час.

Според Здружението, мерката пензионерите во текот на денот да имаат на располагање само два часа предизвикала голем број реакции и барања да се разгледа можноста за продолжување на оваа време за уште еден час и тоа би било оптимално време, за кое тие, како возрасна поулација би си ги завршиле неопходните обврски и потреби, а продолжувањето, како што наведуваат во соопштение, е особено значајно за жителите од руралните средини.

-Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија ги поддржува и почитува сите мерки што ги презема Владата во услови на пандемија заради коронавирусот за заштита на сите граѓани во државата, а особена благодарност изразува до вработените во мaркeтите и на сите други за помошта што се дава на пензионерите како сензитивна и ризична популација, истакна претседателката на Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, Станка Трајкова.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on