Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Од:

Со длабока вознемиреност ја информираме јавноста дека штотуку сме запознаени со случај на страшно малтретирање и повредување на штрк од страна на група деца. Според сведочења на очевидци, кои велат дека постојат и видео-снимки од безбедносни камери, се потврдува дека се работи за свесен и суров чин на насилство врз диво и кревко младо животно, што завршило со сериозни повреди, велат од Анима Мунди.

– Овој настан не смее да помине незабележано, ниту неказнето. Насилството врз животните мора јасно да се препознае и третира како психопатологија и сериозна социјална девијација. Децата кои извршиле ваков чин се жртви на општествената незаинтересираност и игноранција, но и потенцијален ризик за себеси и околината доколку не бидат веднаш опфатени со психолошка и воспитна интервенција.

„Анима Мунди“ со години укажува дека хуманоста, сочувството и грижата кон животните и природата мора да се негуваат од најрана возраст – во образовните институции, во медиумите, но најмногу дома. Само преку едукација, системска промоција на етички вредности и одговорно родителство, можеме да изградиме општество во кое вакви акти на суровост ќе станат незамисливи.

Детална истрага и одговорност од родителите и/или старателите; Психолошка проценка и работа со децата кои учествувале во чинот; Активирање на сите законските механизми за заштита на животните; Јавна осуда на настанот од образовните институции и локалната самоуправа.

Нема оправдување за насилство, ниту пак изговор за молк. Секоја форма на насилство мора да се превенира, осуди и санкционира.
Затоа што оној кој денес малтретира животно – утре ќе повреди човек, се вели во соопштението од организацијата.

Би можело да ве интересира

„Анима Мунди“ со обвинување до градоначалникот Фатмир Дехари за 40 убиени кучиња во Кичево

А1он

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ