Светскиот фонд за природата: Европскиот зелен договор изоставен од Декларацијата во Загреб

Од:

Очекуваната политика на ЕУ – Европскиот зелен договор беше изоставена од Декларацијата во Загреб. Тоа значи дека таа не се осврнува на животната средина и природата како клучни елементи за градење посилна, правична и поотпорна иднина, соопшти денеска Светскиот фонд за природа (ВВФ).

Светскиот фонд за природата како што соопшти, испрати отворено писмо до Европската комисија и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој во моментов претседава со Советот на Европската унија.

Во писмото ја нагласува важноста на Европскиот зелен договор, што ги третира загубата на биодиверзитетот, климатските промени и деградацијата на екосистемот како приоритети за идната политичка агенда на ЕУ.

Според Светскиот фонд за природата, овој договор треба да доведе до многу потребни економски, социјални и еколошки промени. За жал, појаснува, содржината на Декларацијата во Загреб покажува дека лидерите од Западен Балкан решиле да ја игнорираат.

– Во овој момент, кога ги имаме сите научни податоци кои јасно кажуваат дека мора да дејствуваме брзо и да вложиме напори во обезбедување зелена економија, систем на нискојаглероден развој и целокупна промена во однесувањето кон животната средина, носителите на одлуки решија да ги остават овие важни прашања настрана, рече Петра Ремета од Светскиот фонд за природата.

Таа ја нагласува потребата за силна посветеност на носителите на одлуки во Западен Балкан, како и на оние во ЕУ, да постигнат целосна интеграција на Европскиот зелен договор во претстојниот економски и инвестициски план за регионот.

– Зелениот договор на ЕУ е важен план за економското закрепнување не само на сегашните членки на ЕУ, туку и на нашите најблиски соседи и пошироко, изјави Естер Асин, директор на канцеларијата за европска политика на Светскиот фонд за природата, и ги повика сите политички лидери да се обединат за одржлива и отпорна економија.

Би можело да ве интересира

Подготвени два документа за практиките за пристап до еколошка правда

Ана Ололовска

Онлајн прогласување на победници од натпреварот „Зелени идеи“ 2020

Ана Ололовска

Пребројување на пеликаните од Преспанско Езеро по повод Меѓународниот ден на биолошката разновидност

Ана Ололовска

МЕД го одбележува Меѓународниот ден на биолошката разновидност со пребројување на пеликаните од Преспанското Езеро

Ана Ололовска

Европа ја очекува многу топло лето оваа година

Ана Ололовска

Климатските промени ќе го обојат Антарктикот во зелено

Ана Ололовска