Светскиот ден за борба против беснило одбелжан со едукативен настан

Од:

Со промотивно-едукативен настан кој денеска се одржа во Градски парк во Скопје, Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа Светскиот ден на борба против беснило, болест еднакво опасна за животните и луѓето.

Од претставниците од Фекултетот за ветринарна медицина, од Ветринарната комора на РМ и ветеринарните друштва, беше упатен апел до сите граѓани кои чуваат миленици кучиња и мачки, да бидат одговорни сопственици, да ги вакцинираат животните против беснило. На таков начин, како што беше истакнато, ќе го заштитат нивното и сопственото здравје.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанансов истакна дека е законска обврска вакцинацијата против оваа болест и микрочипирањето.

– Како прв човек на институцијата одговорен и за здравјето на животните, но и како љубител на животни, апелирам граѓаните да бидат одговорни сопственици, не само затоа што законите не обврзуваат на тоа, туку затоа што чувањето домашни миленици треба да биде и општествено позитивна и индивидуална сатисфакција. Одгледувањето на животните не е и не смее да биде само забава или тренд. Тоа носи и обврски и одговорност, пред се грижа за нив и заштита на нивното здравје, зашто така ќе бидеме одговорни и кон сопственото и кон здравјето на нашите најблиски, рече Атанасов.

Додаде дека нивната Агенција и оваа есен ќе ја реализира кампањата за вакцинација на лисиците против беснило со авионско фрлање мамки на целата територија на Република Македонија зашто, рече, иако оваа болест кај нас засега е ставена под контрола, превенцијата секогаш е неопходна.

Граѓаните заедно со своите миленици ги посетија ветеринарните друштва кои беа дел од настанот и кои покрај совети за милениците вршеа и бесплатни прегледи, а најголем интерес имаше за обезбедување ваучери за попуст за вакцинација на милениците против беснило.

Би можело да ве интересира

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он

АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Горан Наумовски

Агенцијата за храна ги контролира новогодишните пактчиња

Катерина Ѓуровски

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Да се донесат измените на Законот за заштита и благосостојба на животните бараат АХВ и ветеринарите

Катерина Ѓуровски

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка