Светски ден за подигнување на свесноста за растот кај децата

Од:

Под мотото „Децата имаат кратко време да растат, а цел живот да живеат со резултатите“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања – Раст на РМ денеска ќе се придружи на глобалната инцијатива за одбележување на 20 Септември, Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Во Македонија во моментов има 100 до 110 деца со нарушувања на растот кои се лекуваат со хормон за раст, терапија која е целосно покриена од државата. Со овој хормон се постигнуваат одлични резултати, но само доколку навремено се почне со терапијата.

Од Здруежнието велат дека навременото препознавање на нарушувањата на растот е сериозен проблем, а децата многу касно добиваат можност да бидат дијагностицирани и соодветно да бидат лекувани. Во основа, додаваат, проблемот се состои во фактот што децата многу касно се препраќаат кај соодветен лекар – специјалист педијатар ендокринолог за подетална анализа и точна дијагноза. Загриженоста за висината обично доаѓа кога децата се во понапредна возраст, најчесто во повисоките одделенија во основното образование. Тоа е глобален проблем.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем