А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Светски ден на водата 2016

by А1он22/03/2016 - 08:32162
Share0

Во организација на Институтот за јавно здравје денеска ќе биде одбележан Светскиот ден на водата 2016, посветен на Водата и работните места.

Добивај вести на вибер

Одбележувањето на Светскиот ден на водата во Македонија се организира по деветти пат со цел да се подигне свеста кај општата популација за значењето на водата за здравјето на луѓето.

Според податоците на Обединетите нации повеќе од 3,6 милиони луѓе секоја година умираат од болести поврзани со водата во нееколошка средина. Секој ден 38 работници умираат од болести предизвикани од вода. Во Суб-Сахарна Африка жените и девојките секојдневно користат преку 25 отсто од времето за снабдување со вода. Повеќе од 1/3 од училиштата во земјите во развој немаат пристап до чиста вода за пиење и за хигиена. Смртните случаи можат да се превенираат со подобра вода и санација

Денес околу половина од работниците во светот, 1,5 милијарда луѓе работат во сектори поврзани со водата и речиси сите работи зависат од водата или се поврзани со нејзина достава. Сепак, милиони луѓе чија работа е директно поврзана со вода често не ги уживаат работничките права. Темата за оваа година е „Водата и работните места“, а целта е да се покаже дека доволните количини вода и квалитетната вода може да го сменат животот и егзистенцијата на работниците, па дури и да трансформира општества и економии.

Проценето е дека во 2014 година, околу 37 отсто од населението, или околу 770.000 луѓе, во Република Македонија живеат во 1.420 рурални населени места. Околу 27 отсто од руралното население се поврзани на градските водоводни системи, професионално менаџирани од 56 јавни комунални претпријатија. Околу 62 отсто oд руралните жители се снабдувааат со вода од мали водоводи во селските населби кои користат сопствено извориште; околу 4 отсто oд руралното население зависи од локалните водоснабдителни објекти (бунари, пумпи, селски чешми, кладенци). Заеднички проблеми кои влијаат на квалитетот на водата за пиење во малите водоснабдителни системи се недостиг на заштитни зони и огради, застаренaта и оштетена водоводна мрежа, нередовното хлорирање на водата за пиење и несоодветното пречистување на водата.

Во рамки на одбележувањето на Светскиот ден на водата ќе се одржи трибина на тема „Да научиме да ја штедиме водата“, на која ќе биде направен краток преглед на прашалниците поделени меѓу децата и учениците од градинката Спирит и ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Целта беше да се добијат информации колку тие се информирани за водата воопшто, нејзиното значење и за состојбата во Африка, како континент кој се уште има проблени со достап до безбедна вода за пиење.

Средношколците од Економско-правното училиште „Васил Антевски – Дрен“ исто така ќе бидат вклучени во трибината, а на нивните прашања ќе одговараат експертите за вода од Институтот за јавно здравје и производителите на вода кои учествуваат во манифестацијата Кожувчанка, Магрони (Ладна и Добра вода) и Визијана.

Во Салонот 19,19 во КИЦ Драмското студио Ѕвезда ќе ја изведе театарска претстава „Капка вода за живот и подобра вода, подобра работа, подобар живот“.

voda

Би можело да ве интересира

Владата нема ингеренции за да интервенира во решавањето на водоснабдувањето на територија на Скопје, вели Перински

Горан Наумовски17/07/2025 - 14:20

Зголемена потрошувачка на вода, во делови од Скопје рестрикции и намален притисок

Горан Наумовски15/07/2025 - 21:30

Граѓанин на Скопје во еден ден троши по 664 литри вода

Горан Наумовски07/07/2025 - 10:0207/07/2025 - 10:30

Скопјани екстремно трошат вода, апел да не се полнат базени и да не се полеваат бавчи

Катерина Ѓуровски03/07/2025 - 09:06

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ01/07/2025 - 15:0301/07/2025 - 15:03

ИЈЗ: Граѓаните да не ја пијат водата веднаш по нејзиното пуштање

А1он21/12/2024 - 11:43
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен