Риболовците против изградба на марина во каналот Студенчишта

Од:

Здружението на рекреативни риболовци „Свети Апостол Петар“ од Охрид е против проектот на Локалната самоуправа на Охрид за изградба на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти во каналот Студенчишта.

Со овој проект на мала врата се турка идеата од каналот Студенчишта да се направи марина. Секаква изградбата на инфрастуктура за прифаќање на пловни објекти само ќе придонесе да се доуништи флората и фауната во едно природно зимовалиште и мрестилиште, кое опстојувало со милиони години.

Зголемениот број на пловни објекти е една од причините да веќе неколку години во каналот влегува само 5 % риба на зимување во однос на предходните години.

Апелираме до Локалната и Централната власт да го реализираат проектот за изградба на Марина кој со децении се најавува и е во приоритетите на сите изборни програми. За изградба на Марина има многу локации како: речните корита на Сатеска и Коселска, потегот кај Грашница и Подмоље каде веќе има бензински пумпи а и е во близина на аеродромот.

Локацијата кај Подмоље е на средина помеѓу Охрид и Струга, и може да се изгради марина за пловните објекти и од Охрид и од Струга. Така ќе имаме само една потенцијална еколошка опасност од загадување на Охридско Езеро.

Како здружение ја подржуваме секоја идеја со која ќе се овозможи: продлабочување на каналот Студенчишта, негово осветлување, отсранување на сите пловни објекти, уредување на крајбрежниот дел на каналот, реанимирање на флората и фауната, забрана за секакво влегување на пловни објекти на моторен погон, а каналот Студенчишта да добие ист третман како изворите во Свети Наум.

Каналот треба да прерасне во туристичка атракција низ кој ке пловат копии од охридски чунови, кои ке превезуваат туристи до Билјани Извори, проследени со охридски стари изворни песни,велат од ова Здружение.

Би можело да ве интересира

МВР уапси странец кој крадел во ресторан во Охрид

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд

Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов