Сведок во „Труст“ различно се потпишувал на фактурите за купопродажен договор

Од:

Сведокот во „Труст” призна дека имал различни потписи на фактурите на денешното рочиште во Кривичниот суд каде продолжи судењето за бизнисменот и сопственик на ТВ „Нова“, Сеад Кочан, за Василије Авировиќ и Сафет Ватиќ, тројцата обвинети за нелегално добиен тендер од 17 милиони евра за ископ на јаглен и јаловина во РЕК „Битола“.

„Имам 3 различни потписи. Фактурите се мои, а за потписите е „така-така”, рече сведокот повикан од СЈО, кој имаше дилеми за потписите на фактурите.

Тој говореше дека ги менувал потписите и различно се потпишувал на фактурите за купопродажен договор.

„Господинот Кочан ме информираше дека не може да го реализираат договорот, бидејќи нема доволно пари. Потоа му се бендиса една градежна машина и за да не му наплаќам провизија, отиде лично во Холандија за од таму да купи булдожер. Тоа го направив поради пријателството на татко ми со татко му“, тврди сведокот.

Кочан го прашуваше директно сведокот дали вонгабаритните машини се регистрираат во МВР. Сведокот, кој е сопственик на фирмата „Фичо-сервис“, потврди дека тие машини не се регистрираат во МВР. Според сведокот, биле купени само две машини со договорот меѓу „Транс Мет“ и „Фичо Сервис“ од 2009 година.

СЈО почна да го испрашува првиот сведок сопственик на фирма која продава градежни машини, откако претходно судот ги одби барањата на адвокатите на Кочан и останатите обвинети дел од доказите да бидат издвоени поради нечитливост и бидејќи не биле преведени на македонски.

Кочан, Авировиќ и Ватиќ, како и претставниците на претпријатијата „Транс мет“, „Силекс неметали“ и „Вато“, на минатото рочиште се изјаснија дека не се виновни. Обвинителот Гаврил Бубевски рече дека ќе докажат оти со невистинити документи во случајот биле погазени принципите на здравата конкуренција и дека биле изиграни правилата на јавните набавки.

Обвинителот Артан Ајро им ги предаде на одбраната сите докази за случајот, освен незаконски прислушуваните разговори, кои ги има само судот. Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска закажа уште две рочишта до крајот на ноември и 4 термини за судење во декември.

В.М.

Би можело да ве интересира

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

Катерина Ѓуровски

Обвинителството и се налути на Антикорупциска заради „Труст“: Иницијативата е беспредметна и непотребна

Катерина Ѓуровски

Ајро и Бубевски: Сите наводи во кривичната пријава од Државното правобранителство за предметот „Труст“ ги отфрламе како невистинити

А1он

Врховен му ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за „Труст“

Кристијан Ландов

Сеад Кочан иако требаше, се уште не се пријавил во Идризово

Виктор Јованов

Кочан мора веднаш во затвор, не успеа да ја одложи казната

Виктор Јованов