А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Горан Грујевски инсистирал да се формира Комисија за ништење на опрема од УБК

by А1он14/09/2020 - 12:2114/09/2020 - 13:21830
Share0

После секоја интервенција во системи за следење на комуникациите во УБК, инженерите за поддршка од Ериксон Телеком, сочинувале записи, но содржината не ја пополнувала заради тајност. Ова денеска го истакна сведокот Зоран Стоилковски, на рочиштето за „Таргет-Тврдина“, каде појасни дека како инженер за поддршка во ЛИИМС системите, немал директен пристап до наведите системи, како што имале до системите на Телеком.

Добивај вести на вибер

– Кога одевме во УБК, уредно се пријавуваме. Таму не чекаа вработени во МВР. Во зградата имаше соодветен терминал на Петта Управа, кој го користевме за пристап до системите. Терминалот не беше во собата на системите. После секоја наша интервенција во уредите, МВР ги менуваше пасвордите, изјави сведокот Стоилковски.

Свој исказ на оваа рочиште имаше и Весна Доревска, од одделот на правни работи при МВР, кој сведочеше за контактот со Горан Грујевски во март 2015 година.

– Пред 16 март Горан Груевски ми се јави со барање, укажување дека сме требале да формираме комисија за попис, ништење на опрема на УБК. Ние проверивме и утврдивме дека таков акт не е стигнат. Контактирав и со колешка од одделот на правни работи при УБК, односно и таа не беше запознаета со ваквата постапка, рече сведокот Доревска.

Потоа сведокот објасни дека во период 16-23 март користела одмор, односно во овој период Горан Грујевски, до ова одделение доставил барање за формирање на комисијата. Но, сведокот наведе дека тоа барање не била во нивна надлежност.

– Во барањето што беше доставено не беше јасно каква опрема ќе се поништи и од кој сектор. На 23 март 2015 повтроно ми се јави Грујевски. Ми кажа дека ако не се заврши таа работа, тој ќе биде виновен, наведе Доревска.

Таа прочита дел од предметот кој што бил изготвен од нејзиниот колега, каде потенцира дека „Решението за комисијата е изготвено согласно насоките на министерот за внатрешни работи. Вработениот во одделот за правни работи во МВР, ова го кажал врз основа на укажувањата на Горан Грујевски, дека министерката го чека решението.

target-tvrdina

Би можело да ве интересира

Јанкуловска ќе тужи, ќе бара отштета и да се утврдат вистинските виновници за прислушувањето

Катерина Ѓуровски13/01/2025 - 14:0013/01/2025 - 14:10

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 15:01

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Катерина Ѓуровски17/10/2023 - 13:15

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески19/09/2023 - 14:4419/09/2023 - 14:46

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Горан Наумовски27/02/2023 - 11:33

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов19/12/2022 - 11:5319/12/2022 - 18:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен