Сведок С1: Ченто ми кажа дека зад пучот во Собранието стои Никола Груевски

Од:

Обвинителката Вилма Рускоска при изрекувањето на завршните зборови за судењето на 27 април парафразира дел од сведочењето на загрозениот сведок С1 на кое јавноста беше исклучена.

Сведокот С1 на главната расправа навел дека Јане Ченто, меѓу другото, бил постојано во комуникација со ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков од кого добивал наоски во случај на влез во Собранието да се онеспособат камерите и насоки каде може да се наоѓаат пратениците кои се цел на нападот.

„На 27 април 2017 година Јане Ченто со Нинџа имале состанок и постојани комуникации со обвинетиот Митко Чавков на кого му биле лути бидјеќи тој директно ги организирал за нападите во Собранието а под директива на Никола Груевски, а сега ги оставиле на цедило за на крајот да изјави дека Јане Ченто му кажал дека во позадината во организацијата на пучот стои Никола Груевски“, рече Рускоска.

Обвинителката кажа дека Ченто и Чавков комуницирале на „Вибер“. Ова е првпат на директен начин сведок да спомене дека експремиерот и бегалец Никола Груевски стои во позадината на крвавиот четврток.

Обвинителството побара да бидат осудени сите 17 обвинети за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, а еден за помагање. На 4 февруари ќе започне изрекувањето на завршните зборови на одбраната.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Собранието ги констатира оставките на Бислимоски и на Ристовска

Собранието ќе ги констатира оставките на Бислимовски и на Ристовска и ќе избере нов уставен судија

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“