Сведок на „Таргет-Тврдина”: Во УБК во 2012 имаше четири уреди за следење на комуникации

Од:

Со сослушување на сведокот предложен од обвинителството Момир Малетиќ, вработен како дизајнер на технички решенија во Ериксон Телекомуникаци Македонија од 2008 до 2015 година, денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за предметот „Таргет-Тврдина” кој се однесува за незаконското следење на комуникациите.

Во 2012 година, кажа сведокот, една од моите задачи беше одржување на медијациските уреди (ЛИИМС) кој што беа во просторите на УБК во МВР.

– Во тоа време имаше четири медијациски уреди за следење на комуникаците. Телеком поседуваше два вакви уреди, и по една на ОНЕ и ВИП. Функцијата на медијацисикиот уред е да ги преведува наредбите кој што се дават од главниот уред. Во овие уреди постојат логови кој што покажуват кога е дадена наредба и други информаци, кажа сведокот.

Ние, појасни тој, постапувавме по известување на МВР до операторот, а со цел да се достигне поддршка 24/7 на ЛИИМС уредите бевме организирани со дежурства.

– Влегувањето во кругот на МВР беше по претходна најава. При нашите интервенци имаше присуство и на вработени во УБК. Последната моја интервенција беше во средина на 2017 година, изјави сведокот Малетиќ.

Случајот го води судијката Џенета Бектовиќ, а застапници на обвинението се Артан Ајро и Трајче Пеливанов.

Обвинети во овој предмет за нелегално прислушување се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и други лица од УБК.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби.

Комуникацијата била следена пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Би можело да ве интересира

Ристовска: Повторно нема да има одговорност за незаконското прислушување во државата, што е директна последица на измените на КЗ

Мијалков нема да одговара за нелегалното прислушување, застаре делото за „Таргет-Тврдина“

Рочиштето за масовното прислушување одложенo поради законските измени, Мијалков се спасува од делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески

Повторената постапка за „Таргет-Тврдина“ одложена за утре

Амбасадата на САД го следи ослободувањето на Мијалков: Без оглед на судските одлуки, остануваат санкциите

Кристијан Ландов

Судскиот мониторинг покажува: Многу веројатно предметот за прислушкувањето и Мијалков да застари

Кристијан Ландов