ВИДЕО: Сведоците за „Космос“ ќе се сослушуваат на 9-ти февруари

Од:

По четири часа, судот и одбраната се договорија двапати да даваат воведен говор откако одбраната спореше дека не сака да каже ништо без доказите да бидат доставени од СЈО до одбраната. Адвокатот Димитар Дангов пред судот во воведниот говор кажа дека обвинетите Јанакиески, Груевски и двајцата вработени во Општина Гази Баба не се виновни за делата кои им се ставаат на товар.

„Откако СЈО ќе ги предаде бараните докази, ќе даде дополнување на воведниот збор”, рече Дангов. „Ние со докази ќе докажеме дека градбата е надвор од градежните прописи, со тоа е бесправна и согласно со прописите мора да биде урната”, рече Еленко Миланов, адвокат на Груевски.

Боро Тасевски, образложувајќи го воведниот збор, кажа дека треба да се почитува пресумцијата на невиност, а исто така да се овозможи увид во доказите.

„Одбраната бараше и сè уште бара доказите да бидсат доставени како фотокопија, не рачно да се препишуваат, бидејќи се на илјадници страници. Одбраната точно посочи кои докази до овој момент на давање воведен говор не ` беа достапни, а кои докази преку увид, односно рачен препис се дозволени. Не мора да значи дека сите тие докази се приложени со листата на докази и обвинителниот акт. Посочувам дека водите постапка за случај кој не е криминоген, односно нема основа за кривично дело. Евентуалната криминогеност во овој случај не потекнува од политички прашања, туку од фактот дали сите преземени дејствија се преземени за рушење објект кој бил незаконски. Односно, дали инвеститорот и изведувачот се придржувале кон Законот за градење, согласно со ГП и ДУП. Тоа ќе го докажеме во постапката. Тие досега во низа случаи признаваа дека престапиле преку законите и граделе над дозволеното. Тоа го кажуваат самите тие и со барања во општината за измени на ДУП-от и веќе доставениот проект, за ваквите нивни незаконски дејствија да бидат легални”, рече Боро Тасевски.

Адвокатот Дончо Наков, кој ги застапува членовите на комисијата при општина Гази Баба, иако кажа дека нема да дадат воведен збор, го промени мислењето и се произнесе.

„Правата на обвинетите ми дава за право во оваа постапка со доказите на СЈО, да кажам дека Марика и Александра се ставени во овој случај како обвинети само како декор бидејќи ниту од временски аспект, ниту од волева компонента, ниту правно, ниту фактички е можно извршувањето на делото. Затоа ќе покажам и докажам дека обвинението не дозволува да бидат обвинети. Нема правна позиција на вакво обвинение да бидат осудени, а доказите за дејствијата на СЈО, за време на извршување, покажуваат дека нивните дејствија не се причина да дојде до каква било штета”, рече адвокатот Дончо Наков.

Рочиштето со дополнување на воведниот говор и доказната постапка, со сослушување сведоци е закажано на 9 февруари.

К.Ландов

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска