Свечена академија по повод 111 години од доделувањето на Нобеловата награда за мир

Од:

Во организација на Министерството за одбрана на Република Македонија во Галеријата „Нобеловците и АРМ за мирот“ денеска ќе се одржи свечена академија по повод 111 години од доделувањето на Нобеловата награда за мир и нејзиното овогодишно врачување на Европската Унија. По тој повод, свои обраќања ќе имаат министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, како и амбасадорот на Европската Унија, Аиво Орав.

Со цел укажување на заслужената позиција на Република Македонија како чувар на мирот, за време на Академијата свечено ќе биде презентирана иницијатива за формирање регионален центар за мир во Република Македонија чија цел е придонес во градењето мир и развој во регионот, а ќе се промовира и посебната специјална публикација „АРМ во мировните мисии“. Потребно е, како што се наведува во соопштението од МО, да се истакне дека чекорите што ги презема Министерството за развој на овие универзални вредности, веќе се видливи и во практика – Воениот музеј прераснува  во Музеј за мировни и безбедносно- одбранбени истражувања, со што се зголемува опсегот во кој истиот може да даде свое непроценливо експертско знаење.

Министерството за одбрана посветува големо внимание на лицата и организациите кои дале несебична поддршка кон развојот и етаблирањето на мирот и на демократијата на глобално ниво, дотолку повеќе што АРМ е континуиран и значаен придонесувач кон зацврстувањето на овие современи вредности.

Овогодишниот добитник на Нобеловата награда, Европската Унија, играше значајна улога на трансформирање на континентот во изминатите шест децении, во кои од воена зона прерасна во уникатен пример на солидарност и соработка, но и мир и демократија. Улогата на Европската Унија не застанува тука, туку напротив, се развива до степен до кој таа претставува еден од главните актери во поддршка на овие вредности на глобално ниво, се посочува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Отворен ден на АРМ по повод годишнина од членството на Македонија во НАТО

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Власта да ја стопира набавката од 250 милиони евра за транспортни хеликоптери во изборен период

Отворен ден на Армијата по повод четири години од членството во НАТО и 75 години од формирањето на Алијансата

Армијата за 230 милиони евра ќе се опреми со осум хеликоптери од италијанскиот производител „Леонардо хеликоптерс“

Објавен jавен оглас за прием на 300 нови професионални војници во Армијата

Нови 150 професионални војници во редовите Армијата добија договори