Во Битола, сурогат мајка на 51 година донесе близнаци на својата ќерка

Од:

Највозрасната сурогат мајка во земјава, на 51 година на свет донесе близнаци и се породи во болницата „Плодност“.

Оваа интересна и необична приказна се однесува на мајката сурогат за сопствената ќерка, на која и беше извадена матката на само 16-годишна возраст, велат од Болницата.

„Мајката, веќе три години беше во менопауза. Неа, тимот на болница „Плодност“ најпрво и го врати месечниот циклус, а потоа со програмата на донор јајни клетки, и сурогат мајчинство, за нејзината ќерка донесе на свет две близначиња во 37-мата недела со елективен царски рез. Мајката лесно ја поднесе бременоста и носењето на близначињата.

Оваа приказна е толку ретка, необична и можеби единствена на овие простори. Во свестот постојат само неколку вакви примери, а кај нас“, истакнуваат од Болница „Плодност“

Би можело да ве интересира

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација

Лекарите од дефицитарни специјалности ќе може да работат до 70 години

Министерство за здравство: Законот за заштита од пушење не се одложува

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин