Сугарески: Транспортните политики се во насока на интеграција на Македонија во ЕУ

Од:

Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески престојува во работна посета во Брисел како дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев.

Во рамките на посетата, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески се обрати на министерскиот совет на земјите од Западен Балкан, основачи на Транспортната заедница, на кој состанок присуствуваше комесарката за транспортна политика на Европската комисија, Виолета Булц.

Во рамките на своето обраќање, министерот Сугарески истакна дека Договорот за основање на транспортна заедница треба да обезбеди интеграција на транспортниот сектор на регионот со тој на Унијата, како една потврда на заложбите и поддршката на Европската Унија на политиката на проширување.

Целосното усогласување на домашната регулатива со регулативата на Европската Унија, нагласи министерот Сугарески, не е потребно само заради аспирациите на Република Македонија за членство во Унијата, туку пред се, заради подигнување на нивото на транспортните услуги и тоа во полза на корисниците и на давателите на услугите, што ќе претставува дополнителен придонес за развој на економијата и општеството во целина.

“Доколку се осврнеме на придобивките, предизвиците и очекувањата од претстојната имплементација на Договорот, најпрво сакам да истакнам дека ова е во согласност со започнатиот процес на интеграција на Република Македонија и нашите аспирации за членство во Унијата. Дополнително, глобализацијата и меѓузависноста на економиите, особено европските, во сите дејности вклучително и транспортот, претставува аргумент плус за претстојните реформи кои ќе бидат резултат на имплементацијата на Договорот”, рече министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Министерот Сугарески потенцираше дека основањето на Транспортната заедница ќе ги забрза секторските реформи и либерализацијата на пазарите во земјите до Западен Балкан, додека на подолг рок ќе придонесе за подобра ефикасност и пониски трошоци на транспортните услуги.

Во рамките на посетата во Брисел, министерот Сугарески присуствуваше а воедно се обрати и на 13-от состанок на Министрите за транспорт во рамките на СЕЕТО мрежата.

Во своето обраќање, тој потенцираше на важноста на изградба и моденизација на транспортните Коридори 8 и 10 кои имаат висок приоритет за Република Македонија, регионот и Европската Унија, како и заложбата на Владата на РМ за реализација на проектитете кои се одвиваат на овие коридори.

Би можело да ве интересира

Сугарески се повлекува од Царина, влегува во трката во СДСМ како кандидат за градоначалник на Прилеп

Сугарески и годинава очекува 86% реализација на капиталните инвестиции

Жарко Настоски

Според Сугарески, сè уште е рано за одлука за отворање на аеродромите

А1он

Сугарески: Во моментов се работи на преку 550 километри патна мрежа низ државата

А1он

Сугарески: Половина милијарда евра инвестиции во инфраструктурата во Kривопаланечко

Транспортна стратегија до 2030: Со воз до скопскиот меѓународен аеродром

Наум Локоски