Сугарески: Следната година започнува со изградба втората делница од пругата за Бугарија

Од:

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески најави дека изградбата на втората железничка делница на пругата кон Бугарија, од Бељаковце до Крива Паланка ќе започне следната година. Вчера беше одобрен грант од 68,6 милиони евра од Европската унија за таа намена.

– Она што го најавивме пред неколку месеци при посетата на Трст ќе биде реализирано. Македонија ќе добие грант од 68,6 милиони евра за изградба на втората делница од железницата кон Бугарија од Белјаковце-Крива Паланка. Проектната документација е завршена, објавена е тендерска постапка која треба да заврши и во 2018 година треба да почне изградба на оваа железница, изјави денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Според проектот изградбата на втората делница треба да заврши до крајот на 2021 година. За нејзино финансирање Македонија доби заем од Европската банка за обнова и развој, во висина од 145 милиони евра. Износот на заемот се намалува со обезбедениот грант од 68,6 милиони евра на Самитот во Трст.

Во тек се активностите на првата делница во должина од 30,8 километри за пругата кон бугарија, за која што се обезбедни 43,5 милиони евра. Од оваа делница реализирани се 25 отсто од градежните работи.

Третата делница од Крива Паланка до бугарската граница ќе биде долга 24 километри и за неа се уште се подготвува проектната докуменација. По завршување на тоа ќе се знае точната сума за изградба која што ќе се обезбедува од европските фондови и банки. Првичната проценка е дека ќе чини 350 милиони евра, а досега преку Оперативата ИПА се обезбедени 60 милиони евра.

Најавениот краен рок за изградба на пригата е 2025 година.

За изградбата на железницата но и за останатите инфраструктурни проекти, според Сугарески, значајно е и официјалното зачленување на Македонија во транспортната заедница. Предлогот за ратификација на Договорот за транспортна заедница денеска помина во собраниската Комисија за надворешна политика, а Сугарески очекува да биде прифатена од Собранието и во наредните денови Македонија.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски

Бугарија: Пожар зафати 25 куќи, наредена е масовна евакуација